Законот за зелените пазари ќе го реши статусот на тезгаџиите

Од:

Итно да се донесе законот за трговија на зелените пазари, бараат организаторите на пазарите. Со тоа, велат, ќе се реши статусот на тезгаџиите, тие ќе се самовработат и ќе си го регулираат пензиското и здравственото осигурување. Воедно ќе се надмине проблемот со дивите продавачи кои не се во, туку најчесто надвор или околу пазарите.

– Зелените пазари се мотор за локалната економија и земјоделското претприемништво. Освен што овозможуваат продажба на свежа храна за разлика од маркетите кои главно нудат доработени и замрзнати производи, имаат и културно и туристичко значење, рече денеска претседателот на Групацијата за пазари при Стопанската комора Благој Дивитаров.

Дивитаров на прес-конференција посочи дека во Македонија има околу 20.000 тезги што, според него, воопшто не е мала бројка. Од дивите продавачи, пак, државата годишно губи 700.000 до 800.000 евра.

По основ на паушалниот данок што го плаќаат тезгаџиите кон Управата за јавни приходи, во Буџетот се слеваат околу 1,5 милион евра. Дополнително, и организаторите на пазарите по основ на ДДВ, придонеси за вработените и други давачки, уплатуваат повеќе милиони евра. Оттука, вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е 5 – 6 милиони евра.

Согласно предлог законот, пазарџиите наместо лиценци, ќе добиваат решенија по принцип на регистрирање. Лицата, пак, кои произведуваат помали количини овошје и зеленчук во домашни услови, а вишокот го продаваат на пазарите, тоа ќе може и натаму да го прават, но со претходно склучени дневни договори за период од најмногу еден или два месеца.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Експлозија на бомба во Призрен, деветмина повредени

А1он

Иницијатива на Бранко Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

A1on

Пазарниот инспекторат со полиција и УЈП ќе проверува дали пазарџиите ги замрзнале цените

A1on

Саемот на вино во Белград можност за нови пазари за албанските производители

А1он

Владата најавува мерки за намалување на ценовниот шок, но и за фирмите погодени од кризата