Верификувани мандатите на тројца пратеници кои ќе ги заменат идните министри, седницата ја напуштија и Алијанса и Алтернатива

Од:

Со верификацијата на мандатот на Белкиса Зеќири која доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, досега се потврдени мандатите на тројца нови пратеници кои се избрани наместо Зоран Заев, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска.

Собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски од пратеничката функција, по што повторно се очекува извештај од Државната изборна комисија и верификација на мандатот на новиот пратеник.

Останува истата постапка да биде спроведена и за Никола Димитров, Мила Царовска и Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија седницата со образложение дека веќе 12 часа се во Собранието и барање да се продолжи со работа утре во 9 часот, на што претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законодавниот дом ќе работи се додека има соодветно мнозинство.

Претходно, седницата ја напуштија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Во текот на денешниот ден беше констатирана и оставката на Фљорим Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. На негово место, верификуван е мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски