Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ се повлече од работата на собраниската Комисија за верификација

Од:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија Благица Ласовска денеска на Верификационата собраниската комисија истакна дека мандатот на пратеници од комисијата е завршени посочувајќи дека доколку се
продолжи со работа еклатантно се крши Деловникот на Собранието на Република Македонија.

„Сакам да укажам дека нашата работа и нашиот мандат е замрен. Како верификациона комисија ние постоиме исклучиво само за време на конститутивната седница согласно член 12 од Деловникот на Собранието. За верификација на
мандати на остатокот на мандатите во Деловникот треба да го читате членот 17 кој што вели: Верификација на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листа на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот од Државната изборна комисија ако предлог од Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Што значи, нашиот мандат е завршен и со тоа нашите надлежности се исцрпени и ние како ВМРО- ДПМНЕ не сакаме повеќе од учествуваме во работата на ова комисија и еве препорачувам до вас сите да престанеме да работиме бидејќи ако продолжиме со работа еклатантно ќе кршиме Деловникот,“ рече Ласовска.

Според неа, потребно е да се работи исклучиво според Деловникот на Собранието, а не според, како што рече, погрешните парламентарни пракси, потенцирајќи дека нема повеќе да учествува во работата на комисијата.

„Ние како пратеници мораме да работиме според Деловник, а не согласно парламентарна пракса и затоа беше мојот апел до сите вас да прекинеме со работа на оваа седница затоа што нашиот мандат веќе е исцрпен и да се формира таа
комисија и таа комисија да си ги предложи и да си постапува согласно надлежностите во Деловникот на Собранието на Република Македонија. Јас претпоставувам дека сите ние тука како пратеници сакаме да работиме согласно
Деловникот, а не согласно некои поранешни погрешни парламентарни пракси и затоа уште еднаш ќе повторам се повлекувам и нема повеќе да учествувам во работата на оваа комисија,“ рече Ласовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал