Стојанов разочаран: Епидемиолозите не можат да одат по кафани и да бркаат гости

Од:

Бројот на заразени со коронавирус ќе беше преполовен ако немаше журки и свадби, а воедно се почитуваа мерките за кои зборуваме шест месеци, тврди директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Александар Стојанов. Тој вели дека никој не може да оди против народот, што значи дека секој треба да се свести за последиците од вирусот поради кој е прогласена пандемија на светско ниво.

„Да не беа журките, бројките ќе беа преполовени, се шири кај ќе стигне. Ако нема последици од вирусот, немаше да забрануваме. Не само ние, туку и целиот свет. Во источна Македонија има журки, а во западна има свадби. Не може ние да казнуваме, епидемиолозите не можат да одат по кафани и да бркаат гости. Не може вака, залудно зборуваме, залудно правиме. Додека некој не осети како ќе му се испразни џебот поради непочитување на мерките, ова ќе продолжи. Епидемиолозите не се тие кои треба да казнуваат, но и не можат да казнуваат. “, вели Стојанов за „А1он“.

Заразените, пак, и натаму ги кријат контактите, даваат лажни податоци, телефони за контакт.

„Во епидемиолошките анкети, 35 до 40 проценти од луѓето знаат дека биле во контакт со лице позитивно на вирусот, другите не знаат. Но, и да знаат, не кажуваат бидејќи покрај нив, во карантин ќе треба да седи и нивниот контакт. Има некои кои кажуваат само дека патувале со автобус, како ние да откриеме? Мерките не се почитуваат, не се носат маски. Ако пред банка се стои на пола метро, а не на два метра, нормално е да има ризик, па ајде и банките да ги затвориме? Исто и на работа, одат и пијат кафе сите колеги, не носат маска. Па што ако ја носите додека работите?“, додава Стојанов.

Според него, за време на есенските и зимските месеци вирусот полесно ќе се шири бидејќи сите ќе седат во затворени простории. Во однос на мерките, смета дека се донесени сите кои можат да помогнат да се намали бројот на заразени.

„Треба ли повторно да се воведе полициски час? За некој, што не почитува, треба да страдаат сите? Додека не ни влезе во глава дека мора да се заштитиме, не можеме ништо да направиме. Нашите епидемиолози постојано работат, во тек на еден ден можат да направат пет-шест квалитетни анкети, а тоа се уште 10, 15, 20 луѓе кои се контакти на заразениот. Имаме доволно кадар, но имаме превише позитивни“, смета Стојанов.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски