Директорите на „Рио тинто“ казнети со милионските бонуси поради уништување две светилишта на абориџините

Од:

Рударската корпорација „Рио тинто“, односно нејзиниот генерален директор Жан-Себастијан Жак ќе остане без бонус вреден околу 3,5 милиони долари, бидејќи, во обид да стигне до наоѓалиште за железна руда, фирмата уништила две светилишта на австралиските староседелци Абориџини.

Како што соопшти компанијата денеска, уште двајца нејзини директори, Крис Салисбери и Симон Нивен се казнети и ќе останат без бонус од наведените причини. На тој начин, тие ќе бидат лишени од дополнителен приход од околу 700 000 долари.

Поради уништувањето на заштитените светилишта – мали пештери на територијата на сојузната држава Западна Австралија, „Рио тинто“ испрати јавно извинување до членовите на домородните народи Путу Кунти Курама и Пиникура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Ти не си мој крал“ – австралиска сенаторка му се нафрли на Чарлс Трети

А1он

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски