Стакларскиот занает во Мурано под удар на корона-кризата

Од:

Светски познатиот италијански производствен комплекс за стакло на островот Мурано, близу Венеција, е пред колапс, коментираат познавачите.

Дневниот весник „Ил фато Котидијано” прашува – дали пандемијата на Ковид-19 ќе го зададе последниот удар на оваа традиција? Туристите ги нема, работилниците се затворени, продавниците преполни непродадени предмети…

На островот каде што повеќе од седум столетија, на ист, традиционален начин се произведува стакло и предмети кои се истакнуваат со својата убавина и посебност, ваква сезона не се памети.

Жителите на овој остров во Венецијанската Лагуна, веќе 15 години имаат проблеми… Многумина се иселуваат, па и онака стакларството полека изумираше. Корона-кризата сега се заканува да го зададе последниот удар на овој вековен занает. Еден од најпознатите мајстори од овој крај, Џанфранко Росето, исто така, не е преголем оптимист.

– Ние лебот го заработуваме благодарение на туристите. Нив ги нема и се плашам дека многу мои колеги ќе одлучат засекогаш да ги затворат работилниците, вели мајстор Росето.

Приказната за стакларите од Мурано започнна 1270 година, кога тогашните големци одлучиле стакларските работилници од Венеција да ги префрлат на островчето. Предметите изработени во занаетските катчиња тука, се препознатливи под заедничкиот назив „Мурано” како еден вид бренд, што е потврда за квалитетот и автентичноста на рачната изработка.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски