Џафери закажа собраниска седница, предлага да има петмина потпретседатели

Од:

Собранието на Република Северна Македонија утре ќе одржи седница на која на дневен ред е Предлог-одлука за утврдување на бројот на потпретседатели. Во Собранието е пристигната и оставката на пратеникот Фљорин Бесими, брат на предложениот министер за финансии, Фатмир Бесими.

Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага законодавниот дом да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Потпретседатели на Собранието се очекува да имаат СДСМ, опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива. Засега се уште официјално не се соопштуваат информации кои парламентарни партии ќе добие потпретседателско место во Собранието.

Во Собранието е пристигната и оставката од пратеничкото место на Фљорин Бесими, брат на идниот министер за финансии од ДУИ, Фатмир Бесими.

Според информации од Собранието, можно е утре пред почетокот на седницата закажана за 11 часот, да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Зоран Заев ќе ги предложи за составот на новата Влада, меѓу кои се и Мила Царовска и Никола Димитров.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за влада откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Собранието.

-Прво Парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите и уште некои други одлуки, а исто така, треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до Парламентот, изјави Заев за ТВ21.

Рокот до кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада е 2 септември.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага