Припадници на МВР посхумно ќе бидат одликувани со медал за храброст

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска по повод 20-годишнината од одбележувањето на Денот на безбедноста и на македонската полиција – 7 Мај постхумно ќе им додели медал за храброст на 32 припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, кои својот живот го положија служејќи и на државата.

Медалите за храброст ќе им бидат доделени за покажаната храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.

По свечената церемонија на постхумното доделување на медалите за храброст, претседателот Иванов заедно со неговата сопруга Маја Иванова ќе приредат прием за семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи