Англичанецот Рони О’Саливен ја одбрани титулата на Светското снукер првенство во Шефилд и петти пат го освои најпосакуваниот трофеј во овој спорт.
Вечерва „ракетата“ го доврши започнатото од претходните два дена против својот сонародник Бери Хокинс и стигна до конечна победа од 18:12 во фрејмови.
О’Саливен играше во одлична форма од почетокот на шампионатот, а во обидот да ја одбрани титулата од лани не му пречеше што паузираше цели 11 месеци пред овој турнир.
Рони стана третиот снукер играч кој ја одбранил титулата во „Крусибл“, a со петтата титула е поблиску до рекордот на Стивен Хендри кој има дури седум светски титули.
„Пред се да му честитам на Бери, никој до сега не одигра вака добро против мене, се надевам дека ќе продолжи со ова темпо. А чувството е прекрасно да се одбрани титулата и петти пат да се биде шампион“, рече Рони по натпреварот.