Надбискупот од мексиканскиот град Тукстла Гутиерез, Фабио Мартинез Кастиља минатата недела предизвика многу контроверзии со својата изјава во текот на литургијата во катедралата Метрополитен Сан Маркос, дека абортусот е по сериозно злосторство, отколку силување на деца од свештеници.
Мартинез, кого за надбискуп минатата година го именуваше тогашниот папа Бенедикт, се обиде на литургијата да го објасни дека злоствувањето и абортусот предизвикуваат многу лоши работи и заслужуваат казни.
Папата Бенедикт во 2007 година истакна дека политичарите кои што го застапуваат правото на абортус мора да бидат ислучени од црквата.
-И во црквата има грешници. И свештениците се грешни, но сметам дека честото медиумско повторување на злосторството кое што наводно го направиле католички свештеници е дел од планираната кампања против црквата. Јас сум убеден дека процентот на тие злосторства е помал, од оној кој што е прикажува во јавноста – изјави во една прилика папата Бенедикт XVI.
Елена Георгиевска