Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921, од кои најмногу 861 во Скопје, 336 Куманово и 315 во Гостивар.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 107
• Аеродром – 103
• Карпош – 92
• Центар – 84
• Кисела Вода – 89
• Ѓорче Петров – 68
• Бутел – 60
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 21
• Арачиново – 17
• Илинден – 13
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2
По завршување на епидемиолошките анкети, МЗ инфорира дека може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
