МЗ: Намален бројот на интервенции на ИМП кај лица во алкохолизирана состојба и по сообраќајни несреќи

Од:

Според статистичките податоци на Службата за Итна медицинска помош, во периодот од јануари до јули годинава, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година. Тоа се должи на намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Од 1 јануари до 31 јули годинава, како што се пососува, се регистрирани интервенции кај пет деца до 18 години во алкохолизирана состојба, додека во 2019 година биле регистрирани интервенции кај 20 деца. Намален е и бројот на интервенции кај лицата на возраст од 20 до 40 години од 84 на 58 и кај лицата од 40 до 60 години, од 159 на 133.

Инаку, само во март, регистрирани се вкупно 43 интервенции кај лица во алкохолизирана состојба. За споредба, во овој месец минатата година имало 75 интервенции или 32 повеќе.

Забележано е намалување и на бројот на лица повредени во сообраќајни несреќи. Во март годинава, имало вкупно 87 лица повредени во сообраќајни незгоди, што е за 23 лица помалку споредено со истиот месец лани додека во април во сообраќајни незгоди биле повредени 60 лица, или за 45 помалку споредено со април минатата година, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска