ТикТок планира да поднесе тужба против извршната наредба на Трамп

Од:

ТикТок соопшти дека планира да поднесе тужба против извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се забранува трансакции меѓу оваа популарна видео апликација и нејзината кинеска матична компанија „ByteDance“, пренесуваат британските медиуми.

ТикТок преку соопштение порача дека речиси една година се обидувале да разговараат со администрацијата на претседателот Трамп, но дека обидите не вродиле со плод.

„Со намера да се осигураме дека се почитува владеењето на правото и дека нашата компанија и клиенти имаат фер третман, ние немаме друг избор освен да се обидеме извршната наредба да ја оспориме преку правниот систем“, изјави портпаролот на „ТикТок“.

Трамп, на 14 август, издаде извршна наредба со која на „ByteDance“ и беше даден рок од 90 дена да ги прекине операциите на „ТикТок“ во САД.

„ByteDance“ постигна напредок во разговорите со потенцијалните купувачи, вклучувајќи ги и Мајкрософт и Оракл, додека во процесот на наддавање можеа да се вклучат и некои американски инвеститори на оваа компанија.

Американските власти се плашат дека информациите за корисниците на „ТикТок“ можат да и бидат предадени на кинеската Влада.

Никој од Белата куќа не е достапен за коментар за најновата најава на компанијата.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро