ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заболени и починати од корона се зголемува пропорционално со зголелемувањ на богатството на Заеви

Од:

„На Заев и СДСМ не им е важно како живеат граѓаните, туку важно им е само нивното богатење.

Неспособната влада на Заев воопшто не води грижа за здравјето на граѓаните. Бројот на новозаразени од корона вирус секојдневно е трицифрен. поради неспобноста на Филипче, Република Македонија и понатаму е рекордер по бројот на новозаразени“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, владата на Заев не води воопшто никаква грижа за граѓаните во Република Македонија. Единствено нешто за што водел грижа Заев е депозитот на Нина Ангеловска од 250 илјади евра да биде извлечен од Еуростандард Банка.

По пропаѓањето на Еуростандард Банка само 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90 000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Иако Република Македонија се наоѓа во корона криза, СДСМ и Заев одлучија да ја поскапат струјата за 7.5%. Со поскапувањето на струјата тие директно удираат по џебот на граѓаните, а фирмите блиски до СДСМ и Заеви ќе се богатат.

Сето ова покажува дека СДСМ и Заев не им е гајле како граѓаните живеат, туку само водат грижа за нивно богатење“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ