(ВИДЕО) Стаменкоска Трајкоска: Шахпаска е истрошен кадар од транзицијата

Од:

„Кадровските решенија за владата на Заев се слика и прилика на него лично. Како и самиот тој, така и неговите предлози се стари истрошени транзициски кадри. Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела фамилија во државна администрација.

Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“.

Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес“, вели Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Која е квалификацијата што Шахпаска ја има за да биде министер за труд и социјална политика, дали тоа што како пратеник успеа да си ги вработи сопругот и золвата или тоа што нема направено ништо за регионот од кој што доаѓа?!

Од ова се заклучува само дека од Шахпаска можеме да очекуваме само вработување на свои блиски, доколку има такви и до сега не ги вработила.

Доволно е граѓаните видат примерите со Берово и Пехчево и да видат што ја очекува цела Македонија.

Ова не се ниту нови кадри, ниту способни. Ова се стари истрошени кадри, кои поминале неколку функции низ годините наназад. Ова се кадри остатоци од транзицијата.

СДСМ и нивните кадри во таканаречената нова влада не можат да донесат ништо ново“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски