Реновирана дневната болница на Клиниката за хематологија, целосно заврши обновата на установата

Од:

На Клиниката за хематологија е завршена последната фаза од процесот на обнована установата со реконструкцијата на дневната болница. Ова, како што соопштуваат од Министерството за здравство, е оддел каде што се спроведува дијагностика, терапија и долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања.

Покрај реновирањето, наведуваат во соопштеието, за дневната болница на Клиниката за хематологија обезбедени се нови апарати и опрема што ќе овозможат здравствена нега на значително повисоко ниво, како и најсовремени апарати за стерилизација на воздухот, од особена важност за пациентите и персоналот и целосно почитување на стандардите за заштита од Ковид-19.

-Од самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, во дневната болница непречено се реализираа сите медицински услуги во две смени, по претходно точно утврдени препораки со цел пациентите да се чувствуваат безбедно и сигурно на Клиниката. Со строго запазени протоколи, до крајот на јули годинава реализирани се вкупно 9310 болнички денови, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска