Канада дава поддршка за напад на Сирија

Од:

Канада дава поддршка на израелските воздушни напади на военото складиште во Сирија, во кои наводно се наоѓаат ракети наменети за либанскиот Хезболах, изјави во интервју за „Си ти ви“, шефот на канадската дипломатија, Џон Берд.

-Во интерес на сите држави е да не се дозволи тешко оружје да падне во рацете на екстремистите на Хезболах. Хезболах е меѓународна терористичка организација која го напаѓа цивилното население и се заканува дека ќе дојде во помош на режимот (сирискиот претседател Башар) Асад во војната против сиријскиот народ-истакна тој.

Берд истовремено одби да одговори на прашањето дали Канада ќе им се приклучи на своите сојузници доколку се одлучат на слични воени акции во Сирија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија