Бугарската полиција пронајде и одзема рекордни 12 тони хашиш во едно складиште близу Софија, соопшти директорот на Одделот за борба против организиран криминал, Станимир Флоров.
Хашишот е се потекло од Мароко и е рекродна количина на одзмена дрога во Бугарија. Пратката била наменета за пазарот во Холандија и во Белгија и е вредна 450 милиони долари.
Пакетите со дрогата, како што покажува и фотографијата на Ројтерс, биле фрлени од бродот во Црно море кај бугарската обала и биле извлечени од рибари.
„Пакетите биле сокриени во складиште во местото Мировијан, близу Софија“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.