(ВИДЕО) Димитриеска – Кочоска: Заев знаел за пропаѓањето на банката и не преземал ништо за да ја спаси од пропаст, блокирани се над 100 000 сметки

Од:

„Вториот ТАТ, скандалот со банката Еуростандард се продлабочува. Имено Зоран Заев призна дека како премиер имал информации за лошата состојба во банката речиси пред една година.

Наспротив ова министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека немала информации за пропаѓањето на банката.

Оттука се поставува прашањето кој ја лаже јавноста, Заев кој вели дека имал информации и добивал извештаи, или министерката за финансии која вели дека немала информации а која само месец и половина пред пропаѓањето на банката ги повлекла средствата“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа го повика Зоран Заев да одговори кој му ги давал извештаите за состојбата со банката.

„Дали гуверерката го информирала за банката и по кој основ или министерката за финансии која пак вели дека не знаела за банката иако е дел од Комитетот за финансиска стабилност“, праша Кочоска.

„Ако Зоран Заев знаел за пропаѓањето на Банката тогаш тој бил и најповикан да ја спаси од пропаст банката во која пропаднаа заштеди и се блокирани над 100 илјади сметки.

Со пропаѓањето на банката блокирани се над 50 илјади сметки на пензионери а до сега само 10 илјади луѓе имаат отворено сметка во друга банка и пријавено во фондот за пензиско осигурување.

Што ќе се случува со пензионерите кои нема навреме да ја земат својата пензија?

Бараме обвинителството и финансиската полиција да отворат случај за пропаѓањето на банката и кој се бил инволвиран во скандалот.

Дополнително да се испита зошти нема ревизорски извештај банката за 2019та година и зошто свесно тоа се толерирало. Мора да се дознае кои се институции затаиле со својата работа“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски