Владата и претставници на средношколците ќе соработуваат во усовршување на моделот на наставата во услови на Ковид-19

Од:

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, министрите за образование и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче, како и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, денеска примија делегација на Сојузот на средношколци предводена од претседателот на сојузот Бленди Ходаи.

-На средбата претставниците на Сојузот на средношколците беа детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести, информираат од Владата.

Моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет комуникација и со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение во основното образование и со одредени други исклучоци каде што тоа е безбедно од здравствен аспект, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците.

-Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министрите за образование и за здравство Адеми и Филипче ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците, се истакнува во владиното соопштение.

Од Владата информираат дека министерот за здравство Филипче ги поканил средношколците да присуствуваат на состанок на Комисија за заразни болести на кој детално ќе се запознаат со состојбата со КОВИД-19, но и за мерките за заштита од заразата кои се во интерес на заштитата на јавното здравје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски