Карла дел Понте: Во Сирија бунтовниците употребија нервен гас

Од:

Обединетите нации дојдоа до податоци дека бунтовниците во Сирија употребувале нервен гас сарин, изјави членката од екипата за истражување при ОН, Карла дел Понте.

Според агенција „Ројтерс“, Понте рекла дека до тие податоци дошле по разговори со жртвите во нападите и лекарите во соседните држави каде што повредените се префрлани на лекување.

-Според тие извештаи, во кои имав увид, постои конкретен и силен сомнеж дека е користен гас сарин, но се уште нема целосна потврда за тоа- изјави Понте во интервју за швајцарско-италијанска телевизија.

Поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал за поранешна Југославија не изнесе други детали за тоа каде и кога сарин бил употребен, но додаде дека ова хемиско оружје го употребиле бунтовничките, а не владините сили.

Властите и бунтовничките сили пред неколку недели меѓусебно се обвинија за користење хемиско оружје во судирите.

Американската администрација и претседателот Барак Обама, повеќе пати повторија дека употребата на тој вид оружје претставува пречекорување на „црвената линија “за САД.

Според проценките од почеток на судирите во Сирија загинаа околу 70 илјади лица, додека 1,2 милиона се раселени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија