ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните осиромашуваат и умираат од корона, а Заеви ги полнат џебовите

Од:

„Македонија продолжува да бележи трицифрен број на заразени од корона вирус. Бројот на заразени надмина 13 илјади, а бројот на починати е над 550. Државата е црн рекордер во регионот и Европа на еден милион жители, а да е уште пострашно станавме извозник на корона во земји од Европа поради немањето мерки и протоколи.

Власта на Заев наместо да се посвети на борба со пандемијата и справување со последиците беше и е посветена на криминал и корупција. Така Агенција за обезбедување од Струмица блиска до Заеви има испумпано над 21 милион евра за само 2 години од државни и енергетски компании, а од народот бараат да плаќа поскапа цена на струјата за 7,5%“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Се задолжија милијарда евра само за три месеци. наместо за поддршка на економијата, стопанството и изградба на капитални инвестиции , парите се потрошија за изборен поткуп. Затоа сега експертите најавуваат дека од септември државата ќе нема пари за сервисирање на основните потреби. Дојде државата до дереџе да биде единствената земја во регионот во која пропадна банка и остави илјадници луѓе без своите заштеди, ама затоа министерката Ангеловска “успеала“ навреме да ги повлече депозитите.

Додека народот осиромашува, се разболува и луѓе умираат, милионерите од власта на Заев и понатаму ги полнат џебовите“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ