Египет денеска ги осуди израелските воздушни удари врз цели во Сирија, а Арапската лига побара од Советот за безбедност на ОН да дејствуваат Израел веднаш да запре со нападите „врз државата што ја уништува војна“.
Во соопштение на претседателството на Египет се вели дека воздушните удари го кршат меѓународното право и принципи, и ја усложнуваат ситуацијата.
Во воздушните напади цел беа ракети наменети за либански Хезболах, јавуваат западни медиуми.
Арапската лига побара од СБ на ОН да дејствува веднаш и да побара прекин на израелските напади врз Сирија. Тие сметаат дека нападите се опасно кршење на суверенитетот на арапска држава.