Џафери денеска треба да биде избран за претседател и на новиот парламентарен состав

Од:

Претседавачот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да свика продолжение на конститутивната седница на која би требало да биде избран претседател на законодавниот дом.

Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ за владина коалиција и за парламентарно мнозинство, претседател и на новиот собраниски состав ќе биде Талат Џафери, кој и досега беше на оваа функција.

Изборот на Џафери за денеска го најави лидерот на ДУИ Али Ахмети по синоќешниот состанок на Централниот совет на партијата на кој беше потврден коалицискиот договор со СДСМ и беа објавени имињата на кандидатите за министри во новата влада.

Се очекува предлогот за избор на Џафери за собраниски спикер да биде поднесен во Парламентот со потписи од 20 пратеници.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

Со изборот на собранискиот спикер, првпат треба да се потврди новото парламентарно мнозинство, што го сочинуваат 62 пратеника – 46 на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, 15 на ДУИ и еден на ДПА.

По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он