Германскиот институт Роберт Кох објави листа на странски државјани заразени со Ковид-19 кои престојуваат во Германија.
Во извештајот на германскиот институт (ИРК) се наведува дека во последните три недели, во Германија од Ковид-19 се заразени околу 15.952 лица.
Од вкупниот број на заразени во земјата, регистриран е 161 македонски државјанин заразен со коронавирус.
Најмногу од заразените странски државјани кои престојуваат во Германија се од Косово -1.755, а веднаш по нив се турските државјани со 1.134 заразени и хрватските со 786.
Институтот смета дека најголем извор на заразата, веднаш по германските државјани, се странците кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан, од таму додаваат дека лицата кои доаѓаат во Германија, а се од „ризичните подрачја“ должни се да заминат во 14-дневен карантин.
Целосната анализа на институтот е достапна овде.