Европската комијата ќе ги пренасочи 53 милиони евра предвидени за Владата на Белорусија кон невладините организации, жртвите на државната репресија, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајан.
Таа додаде дека предвидени се и средства за помош во бробата против Ковид-19.
Европската Унија денеска соопшти дека не ги признава изборните резултати во Белорусија и оти набрзо ќе воведе санкции за сите кои учествуваа во изборната кражба и во насилството врз демонстрантите.