Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.
Најмногу има во главниот град каде се регистрирани вкупно 917 активни случаи на Ковид-19.
По општини во Скопје денеска:
• Чаир – 126
• Аеродром – 116
• Гази Баба – 116
• Карпош – 92
• Центар – 86
• Кисела Вода – 81
• Бутел – 68
• Ѓорче Петров – 64
• Шуто Оризари – 45
• Студеничани – 30
• Сарај – 28
• Арачиново – 17
• Илинден – 12
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 7
• Зелениково – 5
• Странец – 3
• Нераспределен – 4
Од МЗ велат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
