Вооружен маж силувал 30-годишна жена во автобус во Рио де Жанеиро, пред очите на останатите патници.
Како што соопшти полицијата, вооружениот маж, кој најверојатно бил под влијание на дрога, влегол во автобусот во една од фавелите на Рио де Жанеиро и под закана дека ќе ги убие, ги натерал патниците да се соберат во еден дел од автобусот. Потоа, од групата патници ја извлекол 30-годишната жена ја однел во празниот дел на автобусот ја истепал и ја силувал.
За цело време на инцидентот автобусот бил во движење. По изминати 20 километри, насилникот го напуштил возилото. Инцидентот следи по настанот во Рио од ноќта меѓу 30 март и 1 април, кога во градски автобус во движење тројца насилници неколку часа повеќекратно сулуваа една 21-годишна американска студентка и го претапаа нејзиниот 23-годишен пријател.