Швајцарскиот град Олтен беше преплавен со делчиња од чоколадо откако настана дефект во локална фабрика, пренесе „Daily mail“.
Жителите на Олтен биле во шок откако виделе дека над градот паѓаат честички од чоколадо.
Од компанијата за производство на чоколади „Линдт“, изјавиле дека во локалната фабрика настанал дефект во вентилацијата за ладење на погоните.
Невообичаената појава во Швајцарија се случила додека имало силен ветер, кој ги распрснувал состојките од фабриката за производство на чоколади.
Од „Линдт“ велат дека честичките биле безопасни за луѓето и за околината.
Тие ја информираа јавноста дека системот за вентилација сега е саниран и дека фабриката продолжила да работи.