Нов израелски напад врз цели во Сирија

Од:

Израелската армија минатата ноќ истрела ракети врз три воени цели западно од Дамаск, соопштија дипломатски извори во Бејрут. Сириските државни медими јавија дека цел на нападот бил воено-истражувачкиот комплкс Џамраја, што се наоѓа северозападно од Дамаск.

Израелските сили го ракетираа овој центар и кон крајот на јануари. Дипломатот од Бејрут, кој побарал анонимност, изјави дека покрај центарот во Џамраја, израелските сили нападнале и складиште со муниција и позициите на одделение за противвоздушна одбрана на сириската 14-та дивизија во местото Сабура, во близина на патот Дамаск-Бејрут.

Според дипломатот, при нападите се нанесени „многубројни жртви на составот на воените единици“.

Претходно, анонимен претставник на западна разунавачка агенција изјави дека цел на нападите биле ракети од иранско производство наменети за либанската милитантна исламистичка Божја партија (Хезболах).

– При нападот од минатата ноќ, кои и при претходниот (во петокот), цел беа складишта со ракети Фатех-110 наменети за Хезболах, изјави истиот извор.

Опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права информира дека е можно при нападите да има и загинати, имајќи пред вид дека во ракетираните објекти се распоредени „десетици војници на режимските сили“.

Израел засега не регаираше на ваквите тврдења и се воздржа од секакви официјални коментари, исто како и по информациите за нападот во петокот наутро.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија