Околу 21 часот вчеравечер во Охрид во спортската сала „Атина Бојаџи“ непосредно пред завршувањето на ракометен натпревар настанала расправија и турканица на играчите од двете екипи, откако играчот на РК „Охрид 2011“ К. А. (22) од Охрид физички го нападнал играчот на РК „Струга“ Б. Б. (27) од Струга.
Покрај расправија и турканица меѓу играчите, имало и недозволено влегување и фрлање предмети во натпреварувачкиот простор од страна на гледачите.
Охридската полиција спречила натамошно нарушување на јавниот ред и мир и презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.