(ВИДЕО) Попова: СДСМ кокаинска и шверцерска, градоначалник фатен во шверц, пратеник со дрога, директорот Смаиловиќ со кокаин

Од:

„СДСМ станува партија во која конзумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери.

По Павле Богоевски, кој беше фатен како нарачува кокаин додека ја извршувал функцијата пратеник, вчера медиумите објавија дека е фатен со кокаин кадарот на Петре Шилегов – Сенад Смаиловиќ Сенко, директорот на ЈП Улици и патишта-Скопје. Сенко е фатен со цели две кесички кокаин.

Дали тоа значи дека истиот или е дилер или веќе подолг период е корисник на овој наркотик. Аздисаноста од власта и моќта, очигледно ја зголеми конзумацијата на кокаин помеѓу функционерите на СДСМ“, рече Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Државни функционери стануваат се почести корисници на кокаин, а реакцијата на власта со нивно разрешување откако ќе бидат фатени на дело е задоцнета и лицемерна. СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции, и истите да одлучуваат за судбината на многу луѓе, но и целата држава, ова е недозволиво, опасно, но и ги става под знак прашалник нивните одлуки и колку тие се носени трезвено. Се поставува прашањето дали скопјани газат рунирани улици и полни со дупки затоа што директорот на ЈП Улици и патишта бил под дејство на некоја психотропна супстанца додека ги извршувал работните задачи?

СДСМ го сведе Скопје на ниво со него да управуваат луѓе со искривени морални вредности и лошо општествено поведение.

Скопје е заложник на шака луѓе, кои не го изградиле ниту својот личен имиџ, и никако не можеме да очекуваме да го градат имиџот на градот.

Разрешувањето на Сенко не треба да биде последен чекор. Шилегов сам треба да си поднесе оставка, затоа што тој е човекот кој именува вакви луѓе и им дозволува да менаџираат со јавните претпријатија и нашите пари. Оставка од Шилегов веднаш!“, изјави Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО