Израелската армија денеска распореди дополнителни системи за противвоздушна одбрана во северниот дел на Израел, соопшти анонимен воен претставник.
Според истиот извор, станува збор за две батерии вооружени со системите „Железна купола“, кои се наменети за пресретнување и уништување на ракети со краток дострел.
Израелскиот воен преттсавник информира дека одлуката за распоредување на системите е донесена врз основа за „тековна проценка на состојбата“.
Распоредувањето на дополнителни системи за противвоздушна одбрана во северен Израел, следи по информциите дека израелски авиони во петокот и минатата ноќ извршиле напади врз складишта со оружје во Сирија, во кои биле сместени ракети наменети за либанската милитантна исламистичка Божја партија (Хезболах). Израелските власти официјално не ги потврдија ваквите информации.
Инаку, Хезболах располага со ракети со краток дострел со кој во минатото во неколку наварти вршеше напади врз цели во северен Израел.