Изборна комисија на Белорусија: Нема причина претседателските избори да ги прогласиме за неважечки

Од:

Нема причина претседателските избори во Белорусија да ги прогласиме за неважечки врз основа на резултатите од пребројувањето на гласовите на некои избирачки места, објави Централната изборна комисија на својата веб-страница како одговор на жалбите кои пристигнаа до Комисијата, во кои се бара пребројување на гласовите.

„Не беа доставени податоци до Централната комисија што ќе докажат дека окружните комисии дале погрешни резултати од изборите“, се наведува во соопштението.

„Аргументите кои се во основа хипотетички по природа не можат да послужат како основа за одговор на претставките. Во овие околности, нема причина да се поништат изборите на избирачките места”, се вели соопштението на Централната изборна комисија, пренесува ТАСС.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август, а според конечните резултати на белоруската Централна изборна комисија, објавени на 14 август, актуелниот претседател Александар Лукашенко добил 80,1 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ