Руски авион ловец Су-27СМ денеска пресретна американски шпионски авион РЦ-135 во близина на руската граница над Балтичко Море, соопшти рускиот Национален центар за контрола на одбраната.
– Рускиот воен екипаж се доближи до воздушниот објект на безбедна оддалеченост и го идентификува како стратешки извидувачки авион на американското воено воздухопловство РЦ-135, се наведува во соопштението од Центарот.
Во соопштението се истакнува дека откако американскиот шпионски авион се оддалечил од руската граница, рускиот ловец безбедно се вратил во базата.