Нов израелски напад врз цели во Сирија

Од:

Израелски воени авиони минатата ноќ нападна цели во северниот дел на Дамаск, соопштија западни разузнавачки извори. Цел на нападот, според истите извори, биле ракети од иранско производство наменети за либанската милитантна исламистичка Божја партија (Хезболах).

– При нападот од минатата ноќ, кои и при претходниот (во петокот), цел беа складишта со ракети Фатех-110 наменети за Хезболах, изјави анонимен претставник на западна разунавачка агенција.

Сириската државна телевизија јави дека израелски ракети погодиле воено-истражувачки компкес и складиште со муниција во северно предградие на Дамаск.

Засега нема инфромација за евентуални жртви при овој напад. Израел засега не регаираше на ваквите тврдења и се воздржа од секакви официјални коментари, исто како и по информациите за нападот во петокот наутро. Според неофицијални информации, и при петочниот напад цели биле складишта со ракети наменети за Хезболах.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег