Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 34, Куманово – 13, Тетово – 8, Струга – 1, Битола – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 20, Струмица – 2, Берово – 1, Кичево – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од: Скопје – 35, Куманово -1, Штип – 4, Тетово – 1, Гостивар -1, Пробиштип – 2, Кратово – 1, Свети Николе – 6.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5407, активни 1003
• Куманово 1264, активни 273
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1043, активни 272
• Прилеп 358, активни 37
• Тетово 1137, активни 159
• Струга 521, активни 186
• Велес 243, активни 28
• Битола 184, активни 76
• Охрид 306, активни 79
• Кавадарци 152, активни 110
• Гостивар 645, активни 285
• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 51, активни 22
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 69, активни 17
• Демир Хисар 53, активни 32
• Македонски Брод 65, активни 49
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 14, активни 8
• Валандово 8, активни 2
• Виница 46, активни 41
• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 2
• Свети Николе 258, активни 60
• Кичево 239, активни 127
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.