Харадинај: Косово е на пат да ја совлада пандемијата, треба да се укинат ограничувањата

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај смета дека Косово е на добар пат да ја совлада пандемијата на Ковид-19 и дека треба да се укинат ограничувањата на слободата на движење и оние кои се однесуваат на бизнисите.

Харадинај, чија партија е дел од владејачката коалиција, на својата страница на Фејсбук напиша дека „подигнувањето на свеста кај граѓаните во последните недели дава извонредни резултати“.

„Косово е на добар пат да ја совлада пандемијата. Последните недели, подигнувањето на свеста кај граѓаните дава извонредни резултати. И натаму сметам дека ограничувањата на слободата на движење и оние за бизнисите се непотребни. Болеста ќе се совлада со нашата култура на живеење со неа, со водење сметка и грижа за сопственото и за здравјето на другите“, напиша Харадинај.

Лидерот на ААК и поранешен премиер бара од Собранието на Косово да усвои пакет за економско закрепнување, со намалување на даноците за бизнисите и други потребни мерки.

„Јас верувам дека нашата земја ќе закрепне, со исправни политики, со мобилизација – наша, на бизнисите и на дијаспората и со поддршка од сојузниците“, порача Харадинај.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина