Седум лица повредени во сообраќајна несреќа во околината на Велес, меѓу кои две деца

Од:

Во судар на две возила на патот Чашка – Голозинци повредени се седум лица.

Како што информира др.Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итната помош при Здравствениот дом Велес, повредените биле земeни со две возила на брзата помош и по укажаната помош итно биле префрлени во хируршките амбуланти на Општата болница во Велес.

Оттаму информираат дека две деца се повредени, од кое едното е во бесознание, по што истите веднаш се пренесени кон Хируршките клиники во Скопје.

Поп Стефанова појасни дека во Хируршкото одделение во велешката Општа болница се наоѓаат останатите пет повредени кои се со полесни повреди, но се во стабилна здравствена состојба.

„Извршени им се прегледи и рентген снимања и се утврдени полесни повреди, но оставени се на опсервација во болницата до утре сабајле“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски