Припадниците на интервентните единици во центарот на Минск ги спуштија штитовите во знак на солидарност со демонстрантите во текот на денешниот протест.
Неколку илјадници незадоволни граѓани повторно се собраа на плоштадот „Независност“ во Минск, барајќи оставка од белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Демонстрантите сметаат дека се изманипулирани и дека нивните гласови се украдени по објавувањето на резултатите од изборите во земјата.
In front of government’s house in #Minsk #Belarus
❤️✊✌️
mainly ❤️ pic.twitter.com/WbYbUTtlMB
— Matthieu Henkens (@MattHenkens) August 14, 2020
Како реакција на таквото верување, во Белорусија избија масовните протести кои беа проследени со насилство низ улиците во главниот град.