Помпео бара продолжување на ембаргото на извоз на оружје во Иран

Од:

Неопходно е да се продолжи ембаргото за извоз на оружје во Иран, нагласи денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Нема смисла да се дозволи најголемиот спонзор на тероризмот да купи системи за оружје, изјави Помпео на заедничката прес-конференција со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг во Виена.

Тој посочи дека САД апелираат до целиот свет да им се придружи.

Помпео додаде дека не станува збор за виенскиот нуклеарен договор со Иран од 2015 година, туку за тоа дали Иран би можел да купи и продава оружје. Техеран се закани дека ќе се повлече од договорот ако Советот за безбедност на ОН го продолжи ембаргото во октомври.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он