УС Опен ќе има нови шампиони, откажаа ланските победници

Од:

Грен слем турнирот во САД ќе добие нови шампиони во обете конкуренции, секако ако се одржи. По стапките на Рафаел Надал, победникот на ланскиот УС Опен во машка конкуренција, кој реши да не се појави во Њујорк, следеше и Бјанка Андреску, сопственичка на пехарот за 2019 година во женска конкуренција.

– По многу разговори со луѓе блиски до мене, морав да донесам тешка одлука да не се појавам во Њујорк оваа година. Бројни предизвици, вклучувајќи ја пандемијата на коронавирус, ја загрозија мојата способност да се подготвам и да се натпреварувам на највисоко ниво, напиша канадската тенисерка на социјалните медиуми, меѓу другото.

Андреску е четвртата тенисерка од првите седум во светот која нема да се појави на годинашниот УС Опен, откако Ешли Барти, Елина Свитолина и Кики Бертенс исто така го откажаа своето учество.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата