ВИДЕО: Израелски авиони извршиле напад врз цели во Сирија

Од:

Израелски официјални лица потврдија денеска дека авиони на Военото воздухопловство на Израел извршиле напади врз цели во Сирија.

Според истите извори, кои побарале анонимност, цел на нападот била пратка современи ракети наменети за либанската исламистичка Божја партија (Хезболах). Нападот врз конвојот, кој не превезувал хемиско оружје, бил извршен вчера во утринските часови.

Дипломатски извори во Либан инфромираа дека при нападите биле уништени повеќе ракети земја-воздух, кои неодамна биле пренесени од Русија во Сирија и досега стоеле на аеродромот во Дамаск.

Случајот го потврдија и американски воени претставници, додека Израел официјално засега не реагираше на ваквите информации. Од друга страна, се огласија сириските власти кои тврдат дека вчера немало никакви напади на израески авиони на територијата на Сирија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху изминативе недели во неколку наврати предупреди дека Израел е подготвен за воени акции доколку на Хезболах и биде испратено хемиско или друго оружје.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег