Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му до доделува мандатот

Од:

Шефот на државата, Стево Пендаровски, утре (четврток), мандатот за состав на Влада ќе му го довери на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Одлуката на Пендаровски доаѓа два дена пред истекот на рокот за доделување на мандатот, а откако, добил известување од Заев дека коалицијата „Можеме“ обезбедила мнозинство во Собранието.

„Зоран Заев, во име на коалицијата ‘Можеме’, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Сега, Заев како мандатор, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма, заедно со предлаг за составот на Владата.

Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски