Русија примила нарачки од 20 земји за милијарда дози од вакцината за Ковид-19

Од:

Вкупно дваесет светски држави, главно од Латинска Америка, Блискиот Исток и Азија, досега побарале од Русија дози од новата вакцина против коронавирус, која вчера беше регистрирана, тврди шефот на рускиот државен Директен инвестициски фонд, Кирил Дмитриев.

На конференција посветена на новата вакцина, која е прво средство за имунизација против коронавирусот регистрирано во светот, Дмитриев рече дека вкупните нарачки надминуваат една милијарда дози од вакцината.

„Заедно со нашите сртански партнери, подготвени сме да произведеме повеќе од 500 милиони дози годишно,“ изјави Дмитриев.

„Целото количество на вакцината што ќе се произведе во Русија ќе се користи во земјата, а дозите за употреба во странство ќе се произведуваат во странски фабрики,“ додаде тој.

Директорот на РДИФ рече и дека Русија ќе воведе и хуманитарна програма за неразвиените земји, која ќе вклучува бесплатни дози за државите кои не можат да платат за вакцината.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија