70-годишната Виолета од Прилеп го победи вирусот: Семејството ме охрабри да издржам

Од:

Седумдесетгодишната Виолета Мирческа од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе.

„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка,“ вели Мирческа.

„Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ. Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од два метра“, вели Виолета во објавата што на социјалните мрежи ја споделија здравствените власти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски