Економијата на Велика Британија претрпе голем пад помеѓу април и јуни, а мерките за запирање на ширењето на новиот коронавирус, кои практично го запреа стопанствотот, и официјално ја втурнаа државата во рецесија.
Британската економија забележа за 20,4 отсто во однос на првите три месеци од годината. Со тоа, Британија технички влезе во рецесија, дефинирана во два последователни квартала со економски пад.
Ова е прв пат Британија да се најде во рецесија од 2009 година.
Официјални лица изјавија дека економијата започна да закрепнува во јуни, откако владините мерки наметнати за коронавирусот почнаа да се олеснуваат.