Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди денеска дека подемот на авторитаризмот во Русија, Кина и Иран ги загрозува слободите ширум светот.
На првата станица на турнејата во четири држави од Источна и Централна Европа, во Чешката Република, Помпео им оддаде почит на американските војници кои го ослободија западот на Чехословачка во 1945 година.
– Важно е да се има предвид дека, дури и кога славиме, останува уште многу работа, затоа што авторитаризмот е се уште жив во Пекинг, Москва и Техеран, рече Помпео во краткото обраќање пред споменикот „Благодарам, Америко“ во Плзењ.
Помпео утре во Прага ќе се сретне со чешкиот претседател и премиер Милош Земан и Андреј Бабиш, со кого, како што претходно беше објавено од Стејт департментот, ќе разговара за соработката во нуклеарната енергија и „напорите за сузбивање на малигните активности на Русија и комунистичка Кина“.