Тотенхем го објави своето прво ново засилување

Од:

Тотенхем го привлече играчот од средниот ред Пјер-Емил Хојберг од Саутемптон. „Петлите“ и официјално го објавија својот прв летен трансфер, откако ќе платат 20 милиони фунти за играчот кој потпиша 5-годишен договор.

Данецот ќе го носи дресот со број 5 во својот нов клуб. Трансферот беше финализиран откако фудбалерот денеска беше подложен на лекарски прегледи и го потпиша договорот.

– Она што ми беше важно беше играње во клуб каде се гледам себеси за многу години што доаѓаат. Тоа беше Тотенхем. Јас сум многу горд, многу среќен и возбуден. Мислам дека клубот има фантастична иднина и многу сакав да бидам дел од него, сподели Хојберг по неговиот трансфер во Тотенхем.

Данскиот репрезентативец има сериозно искуство во Премиер лигата и ова е една од причините зошто „спарс“ се свртуваат кон него. Тој има одиграно повеќе од 100 натпревари во англискиот шампионат за време на неговиот 4-годишен престој во Саутемптон.

Хојберг (25) ја започна својата кариера во Баерн (Минхен). Тој има 17 натпревари за баварските гиганти, но не успеа да се етаблира и мина периоди на позајмица во Аугсбург и Шалке.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони