Шест држави досега се пријавија да ја преземат новата руска вакцина против Ковид-19, меѓу нив и Србија

Од:

Претставници на најмалку шест држави досега, соопштија дека се заинтересирани за руската вакцина против Ковид-19.

Први пројавија интерес бразилските власти, кои соопштија дека имаат намера да потпишат договор со Москва за производство и дистрибуција на вакцината.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, исто така изрази интерес за вакцината и соопшти дека ќе се вакцинира доколку истата е безбедна.

Интерес за добивање на руската вакцина пројави и Узбекистан.

Тамошните власти соопштија дека размислуваат да ја искористат руската вакцина во земјата како една од можните опции за справување со пандемијата.

На оваа листа се придружи и Израел, со тоа што министерот за здравство во земјата Јули Еделштајн рече дека Владата ќе се вклучи во преговори со Москва доколку ваквата вакцина се докаже дека е ефикасна од израелските експерти, на идентичен начин како што изјави и српскиот претседател.

Министерството за надворешни работи на Аргентина соопшти дека внимателно ги следи вестите за првата руска вакцина против Ковид-19, додавајќи дека амбасадорот на земјата во Москва добил специфични упатства во врска со лекот, без да открива детали.

Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас, пак, изрази надеж дека палестинскиот народ ќе биде меѓу првите што ќе ја прими руската вакцина, повикувајќи се на претходната помош на земјата во борбата против пандемијата.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте дури изрази подготвеност лично да ја тестира руската вакцина, фалејќи ја Москва за постигнатиот успех.

Дутерте истакна дека неговата земја е подготвена да соработува со Русија за спроведување на испитувањата за вакцината, како и за продолжување на производството на лекот.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно објави дека вакцината била официјално регистрирана во Русија, откако успешно поминале испитувањата спроведени на 76 доброволци.

Вакцината ќе се произведува во шест земји, вклучително и во Русија, со вкупно производство што се очекува да достигне околу 500 милиони дози во првите 12 месеци.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски